Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Јегуновце образложи дека самиот го следи процесот за поставување камери со цел да се откриваат и снакционираат сообраќајни прекршоци, но смета дека уште треба да се постапува со цел да има соодветено техничко и законско решение.
„Фокусирани сме на тоа да предвидиме соодветно и техничко, моментално се работи на техничко, но и законско решение кое што ќе ни овозможи функционален систем. И кога е отпочнат проектот никој не размислувал во насока на тоа како навистина да ќе биде ставен во функција целиот тој систем. Колку казни ќе продуцира на дневна основа, дали тие ќе може да се сработат од страна на вработените во рамки на Министерството како ќе се процесираат. Кој ќе води постапката дали треба да се зголеми бројот на вработени во рамки на Министерството коишто ги работел прекршоците од аспект на изрекување на прекршоци. Ќе одат во суд, како ќе постапува судот моментално еден судија за прекршоци во Скопје работи на повеќе од 2 000 предмети на дневна основа закажува повеќе од 45 судење. Кој ќе ги сработи тие предмети нели. Целта ни е на крајот да го видиме бенефитот од аспект да се намалат жртвите да се покрене сообраќајната култура“, истакна Панче Тошковски од тетовско Јегуновце.
Погрешно паркирање, преминување на црвено светло и недозволена брзина, но и утврдување на криминал ќе биде откривачката функција на овие камери.
„Еден од клучните проекти ако сакаме да немаме во иднина, ако не сакаме да има по стотина жртви на годишна основа, ние мораме сообраќајната култура да ја подигнеме не едно скалило, туку три четири скалила нагоре“, рече Тошковски.
На прашањето за личните документи, тој оцени дека, како што рече, хаосот е решен пред еден месец.
„Останат е уште помал број. Конкретно не можам да кажам колку. Не е точна информацијата која што беше пренесен во јавноста дека еден милион возачки дозволи ќе треба да се реиздадеме. Мислам дека бројката е негде околу 200 000 кој што треба да се ре-издадат во останатиот период од прилика. Мислам дека имаме капацитет да го направиме тоа. Повторно тука имаме дезинформации ширење на лаги од страна на луѓе кои што не си ја сакаат држава во насока да уплашат или да, дефокусираат или не знам што да направат. МВР ќе работи во интерес на граѓаните“, рече Тошковски.
Полициската станица во Јегуновце доби канцеларија за управните служби