Три лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје што се случила околу 15 часот и 30 минути.
Во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот во близина на угостителски објект, се случилала сообраќајката во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки „фолксваген голф” управуван од 62-годишниот Ш.А. од тетовско Желино и „опел астра” што го управувал 58-годишниот тетовец Б.И.
-Во несреќата, возачот на „опелот” и сопатниците од „голфот” Б.А.(27) и 19-годишната А.А.од Желино се здобиле со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово
ас