Соопштение на СВР Тетово 18 април 2024
На 17.09.2024 во 15:20 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Г.О.(48) од с.Равен, гостиварско и М.А.(62) од Гостивар затоа што кај нив бил пронајден и одземен хероин. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 18.09.2024 година во 20:20 часот во Тетово на улица ,,Маршал Тито“, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.А.(46) од Тетово, за тоа што кај него било пронајдено и одземено кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 18.09.2024 во 01.30 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.Д.(19) и М.Ј.(19), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 18.09.2024 во 01.45 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А.Л.(20) од с.Видуше, гостиварско, затоа што кај него биле пронајдени боксирач и метална палка. Тој е задржан во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје.
На 17.09.2024 во 21.45 часот во СВР Тетово, С.Р.(45) од Тетово пријавила дека околу 18.00 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, едно лице физички ја нападнало и со употреба на сила ѝ одзело личен накит, чанта и пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.09.2024 во 13.30 часот во основно училиште во тетовско село, Г.З.(31) од селото, во присуство на директорот и психологот на училиштето, на полициски службеници од СВР Тетово пријавил дека неговиот малолетен внук во дворот на училиштето бил физички нападнат од Б.С. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.09.2024 во 22.00 часот во тетовско Сараќино, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ја привеле Л.Б.(24) од Сараќино, постапувајќи по претходна пријава дека во селото физички ја нападнала И.Н.(35) од истото село. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.
На 17.09.2024 во 12.15 часот во Полициското одделение Камењане, директорот на основното училиште во тетовско Боговиње, Е.М.(42) од Боговиње пријавил дека за време на големиот одмор во продажен објект во селото, четири ученици во училиштето биле физички нападнати од сопственикот на објектот, Н.Т.(70) од Боговиње. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 17.09.2024 во 09.30 часот во Полициското одделение Камењане, М.Х.(41) од с.Селце Кеч, тетовско, пријавил дека околу 07.30 часот настанал пожар во неговата штала во с.Палчиште, при што изгорела добиточна храна и дел од приземјето на шталата. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од тетовската територијална противпожарна единица. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 17.09.2024 во 16.30 часот во ОВР Гостивар, М.Ј.(36) од гостиварска Долна Бањица пријавила дека на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар била касната од куче скитник.