Четириесет и двегодишен жител на Тетово вчера (14 септември) во 10 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавил дека претходниот ден околу 11 часот и 30 минути во тетовско основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца ученици во истото училиште, при што едниот од нив употребил и метален предмет.
-Набргу, случајот е расчистен, идентификувани се тројцата малолетници, разговарано е со нивните родители и со претставници на Центарот за социјални работи. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира СВР Тетово.