Во Уметничката галерија во Тетово вчера се одржа свеченото отворање на изложбата „Extraordinary“ со графики во минијатурен формат на тројца графичари од градот Астрит Реџепи, Берат Беќири и Илбер Даути. Уметниците ја претставија својата работа преку 40 графички дела.
– Уметничките дела опфаќаат сите фигуративни елементи на добрата композиција, совршен баланс на бои и детали наменети да ја рефлектираат светлината, покажувајќи стандард на мајсторство на графичките техники и експериментирање со монотип во акварел. Делата ги поместуваат границите на традиционалните уметнички форми и ги предизвикуваат конвенционалните норми, но графичарите го одржуваат својот однос со времето и историјата каде преку дела испечатени на хартија внесуваат интерпретација на теми со елементи од националната традиција. Деталите од старите врати, корените на дрвјата, слоевите почва и карпите што се рефлектираат во овие уметнички композиции ја пренесуваат пораката дека за да ја изградиме иднината, мора да го заштитиме минатото, напиша во воведниот текст на изложбениот каталог, кустосот на Уметничка Галерија Тетово, Шега Мемети.
Изложбата за отворена ја прогласи в.д директорката на Уметничка Галерија Арбенита Мета, која во своето излагање, им се заблагодари на авторите на изложбата Астрит Реџепи, Берат Беќири и Илбер Даути за одличната соработка и достоинствено реализирање на изложбата.
ас
фото Уметничка галерија Тетово