Денес се одбележа 30 годишнина од основањето на Универзитетот во Тетово. По повод јубилејот се одржа свечена академија.
„Со чувство на гордост и длабока благодарност, денес стојам пред вас да го прославам овој несекојдневен момент во историјата на нашата институција: 30-годишнината од основањето на Универзитетот во Тетово. Денеска славиме јубилејна година на образовна институција, која е основана со храброста, волјата и посветеноста на нашиот народ, во време кога идејата за универзитет на албански јазик се соочи со големи предизвици и противење.Нашиот универзитет не е само зграда. Тоа е симбол на напорите и вербата на една нација во моќта на знаењето“, рече ректорот Јусуф Зејнели.
Првиот човек на универзитетот истакна дека високото образование се соочува со нови предизвици.
„Додека го славиме нашето минато и сегашност, мора да гледаме напред со храброст и амбиција. Предизвиците на овој век, брзиот технолошки напредок, еколошките кризи и социјалните нееднаквости – бараат од универзитетите да бидат повеќе од центри за учење и студирање. Универзитетите треба да бидат центри на иновации, одржливост и општествена одговорност. Универзитетите треба да создадат што е можно повеќе врски со заедницата и да ги земат предвид новите барања кои се појавуваат на пазарот на трудот. Тоа се цели кои посветено и долгорочна стратегија ги реализираме“, истакна ректорот Јусуф Зејнели.
На академијата му беше доделена наградата Почесен доктор на науки, на поранешниот политичар и активист Невзат Халили.
фото: УТ