Црковниот одбор од Брвеница информира дека се започнати две градежни активности кај двата православни храма во ова место. Околу црквата Св. Архангел Михаил каде што се наоѓаат и гробиштата во Брвеница се работи на пристапен пат.
– Околу црквата Св. Архангел Михаил каде што се наоѓаат и гробиштата во Брвеница почна градежен зафат со цел да се олесни пристапот со возила до вечните почивалишта. Се работи на влезен пат со ширина од пет метри на горниот дел како и патека со три метри помеѓу стариот и новиот дел. По почетно трасирање и тампонирање на овој дел ќе се пристапи кон асфалтирање, информираат од црковниот одбор.
Градежни активности има и кај централната црква Свети Атанасиј.
-Кај храмот Свети Атанасиј почнаа градежни работи за да се дооформи паркинг просторот на влезот од задната порта. Црковниот одбор изразува голема благодарност до фирмата изведувач Бауер БГ ДОО Скопје, донатор на големиот дел од овој градежен зафат, информираат од одборот.