Амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир утре ќе го посети Тетово за официјално да ја отвори Јуроп Хаус во Тетово, во просторот каде порано беше библиотеката „Кочо Рацин“ во рамки на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ со почеток во 15 часот и 15 минути.
Програмата ќе биде заокружена со концерт на уметницата, музичар и вокалист Зарина Првасевда и нејзиниот ансамбл на отворено пред Центарот за култура, што ќе почне во 20 часот.
„Амбасадорот Гир прво ќе предаде мобилна библиотека финансирана од ЕУ од проектот „Регионална мрежа за културна разновидност – РИД)” на организацијата ЛОЈА од Тетово. Проектот се спроведуваше во рамките на „Програма за граѓанско општество и медиуми 2018-2019″ финансирана од ЕУ од 2020 година за поддршка на помирувањето и добрососедските односи. Примопредавањето ќе се случи во Јуроп Хаус во Тетово – последната канцеларија на мрежата на Јуроп Хаус низ Северна Македонија. Подоцна, првата активност на Јуроп Хаус Тетово ќе се одржи во форма на дебата „Тетово за нова, позелена генерација” со студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа. Дебатата по повод Светскиот ден на животната средина ќе ја води еколошката активистка г-ѓа Елмедина Абдулахи, номинирана за европска жена на годината за 2024 година“, информираат од Делегацијата на Европска унија во Скопје.
Зарина Првасевда е псевдонимот на Евегенија Здравевска која изведува македонски традиционални песни но и светски хитови. Таа е победничка на меѓународната платформа за таленти – UpBeat – Best New Talent Award 2023
Изведба на Зарина Првасевда на „Ај Ѓорушице црно око“