Вечерва продолжи да гори боровата шума на планината Сува Гора, пожар за кој од Центарот за управување со кризи информираа дека бил изгаснат во периодот од 11 до 17 часот. Мештаните од Милетино се најблиску до овој пожар и затоа самите се обидуваат да го гаснат огнот.
– И попладнево и вечерва цело време одиме до шумата и се обидуваме самите да го изгаснеме пожарот. Мора преземат надлежните нешто, се шири уште повеќе, алармираат жителите на Милетино.
Во текот на денот Центарот за управување со кризи информираше дека во гасењето на пожарот освен пожарникарите учествувале и три противпожарни авиони „Ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, како и вработени во Национални шуми.
ас