Денес од 19 часот до утре во 06 часот во Тетово полицијата ќе спроведе сообраќаен режим поради снимање на филм на дел од улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ и крстосница со улицата „Радован Цониќ“. Описно од Саат џамија во правец кон Горна Чаршија.
Од продукциската куќа „Ендер Јампимчиклик филм“ со седиште во Истанбул, Турција заедно со сервисната продукција ДНФ ФИЛМ ДООЕЛ Скопје информираат дека во Тетово ќе се снимаат дел од сцените на филмот со наслов „Мирис на минатото“ во режија на Серкан Озарслаан.
„Филмот веќе подолг период се снима во Тетово и Скопје и е планиран по премиерата во Турција да има и премиера во Македонија. Во филмот глумат познати актери од Турција како и од нашата земја, се вели во соопштението.
Од СВР Тетово посочуваат дека нивните униформирани службеници ќе го регулираа сообраќајниот режим од 19:00 до 06:00 на дел од улицата „Кузман Јосифоски-Питу“ и крстосница со улицата „Радован Цониќ“.