Создавањето на слободни содржини за слободно користење за образовни и истражувачки цели е основната цел на здружението Викимедија МКД. Како дел од глобалната Фондација Викимедија, македонскиот огранок организира различни видови на проекти и настани се со цел потикување на волонтерското делување и создавање содржини за општа употреба.
Макпортрет е најновиот повик на Викимедија МКД со кој се покануваат сите заинтересирани корисници на проектите на Викимедија. „Макпортрет“ е всушност едномесечен фотографски натпревар чија главна цел е да се соберат фотографии од личности од Македонија што се занимаваат со култура, наука, просвета, уметност, музика, спорт, телевизија, политика, медицина и други полиња од општествено-политичкиот и културно-забавниот живот на Македонија.
Сите фотографии се подигнуваат на „Задничката ризница“ и се користат слободно низ статиите на Википедија, но и на останатите сестрински проекти. Илустрирањето на статиите со фотографии е естетски одлично, а вашиот придонес и за визуелниот приказ на содржината е добредојден.
Од 15 октомври до 15 номеври 2024 Викимедија ве повикува да се пријавите, фотографирате според правилата и упатството, и учествувајте за една од предвидените награди. Вашиот труд овој пат се вреднува и секоја фотографија ве носи поблиску до вредна награда. Посетете го веб сајтот на Викимедија МКД и проектната страница на Википедија, правилата и предвидените награди се детално опишани. Викимедија МКД ве очекува!