Соопштение на СВР Тетово 19 јули 2024
На 19.07.2024 во 00.20 часот во СВР Тетово, А.К.(41) од Тетово пријавила дека околу 22.30 часот во нејзиниот продажен објект во Тетово, М.Н. од Тетово физички ја нападнал и го одзел дневниот промет. Се преземат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
……
На 18.07.2024 во 15.15 часот на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Б.(52) од Гостивар, кој бил пријавен од неговата поранешна 37-годишна партнерка од Гостивар дека околу 13.30 часот ја следел со возило и агресивно се однесувал кон неа. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
…….
На 18.07.2024 во 11.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на подрачјето на гостиварски Стрезимир, овчарски кучиња ја нападнале и каснале К.Ф.(55) од Сојузна Република Германија. Таа била пренесена во болницата во Гостивар за укажување помош.
……
На 18.07.2024 во 12.00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на улица „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.Џ.(57) од Гостивар, удрило во велосипед управуван од И.С.(60) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар во Гостивар. Увид на место на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.
…….
Вчера (18.07.2024) согласно Оперативниот план „Безбедно лето 2024“, полициски службеници од Отсекот за превенција организираа средби со одговорните лица- менаџери на угостителски објекти во Тетово, на кои им беше укажано доследно да ги почитуваат законските одредби, посебно за нивната должност како правни и одговорни лица или трговци поединци кои вршат угостителска дејност да преземат соодветни мерки за одржување на јавниот ред и мир во угостителските објекти, како и да пријават евентуални нарушувања на редот. Посебен акцент беше ставен на тоа да се спречи пукање со огнено оружје или употреба на пиротехнички средства надвор од законските прописи, како и точењето на алкохол на малолетни лица.
…….
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедноста на сообраќајот, вчера (18-мај) во периодот од 18.00 до 24.00 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли.
При контролата биле откриени и санкционирани 33 прекршоци (ТЕ-21 и ГВ-12), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 28 (ТЕ-16 и ГВ-12) и 1 (ТЕ) мотоцикл со поминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 1(ТЕ) со поминат рок на осигурителната полиса и 1(ТЕ) без возачка дозвола, како и 15 (Т11 и ГВ-4) останати сообраќајни прекршоци. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци.
СВР Тетово апелира до возачите на мотоцикли да навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат со мотоцикл без положен возачки испит, затоа што секоја сообраќајна незгода која се случила со учество на мотоцикл, крајните последици биле сериозни, а со тоа ќе придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот