Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност” Тетово и Гостивар денес во Брвеница го организираше 14-то издание на традиционалниот годишен Републички натпревар во табла за лицата со телесен инвалидитет. Се натпреварувааа 16 учесници од повеќе градови, членови на здруженијата при Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност Македонија”.
„За жал оваа година имавме одредени проблеми поради кои не учествуваа членови од 4 града, но натпреварот помина одлично. Победи Ванчо Каранфилов од Скопје. Второто место му припадна на Димче Паунов, додека Виктор Димитриески се пласира на трето место, изјави Велибор Јаќимовски, претседател на Здружението на лицата со телесен инвалидитет „Мобилност” Тетово и Гостивар.
Освената награда, победникот на натпреварот ја посвети на негов починат пријател.
„Јас трофејот ќе посветам на еден наш пријател Марко од Гевгелија, постхумно, кој за мене беше најдобриот мајстор во табла, рече годинешниот победник на натпреварот“, изјави Ванчо Каранфилов.
Сите учесници беа едногласни дека победата не е важна, туку продолжувањето на традицијата за запознавање и дружење со лица со телесен инвалидитет од цела Македонија.
„Не е важно кој ќе победи, кој ќе изгуби, важна е дружбата. Ние доаѓаме од Кочани, а има екипи од повеќе градови и задоволство е да се учествува на овој натпревар, кој Здружението „Мобилност” го организира го секоја година“, рече Горан Војновски.
Здружението на лица со телесен инвалидитет Мобилност Тетово и Гостивар има евидентирано повеќе од 850 члена.
ас