Соопштение на СВР Тетово 20 септември 2024
На 19.09.2024 во 13.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во камп приколка на улица „Прохор Пчински“ во Тетово бил пронајден починат Н.Ј.(72) од Тетово, кој подолг период престојувал во приколката. Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 19.09.2024 во 22.00 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Ш.Е.(46) од с.Голема Речица, тетовско, затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници и ги попречувала во преземање на службени дејствија. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.09.2024 во 22.50 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.О.(21) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 20.09.2024 во 00.00 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(35) од Тетово затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 19.09.2024 во 14.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.И.(40) од с.Слатино, тетовско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 19.09.2024 во 20.00 часот во СВР Тетово, Ј.Ј.(27) од с.Волковија, тетовско, пријавил дека околу 20.00 часот во двор во селото бил физички нападнат од Б.Ј. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 19.09.2024 во 19.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода Н.Б.(51) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината ќерка. Таа е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветен поднесок.
На 19.09.2024 во 18.15 часот во ОВР Гостивар, М.З.(27) од Гостивар пријавила дека околу 13.00 часот во нејзиниот дом била физички нападната од Р.П., нејзината сестра и нејзината внука. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 19.09.2024 во 15.55 часот во ОВР Гостивар, Ј.П.(61) од с.Долна Бањица, гостиварско, пријавил дека во круг на осносно училиште, неговата малолетна внука била физички нападната од друга малолетничка од истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 19.09.2024 во 15.40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Р.С.(31) од с.Падалиште, гостиварско, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници и ги попречувал при извршување на службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 19.09.2024 во 13.15 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле Ш.Ш.(42) и Ш.М.(22) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека на булевар ,,Гоце Делчев“ во Гостивар агресивно се однесувале кон Б.М.(33) од Гостивар и членови на нејзиното семејство, а се обиделе и физички да го нападнат нејзиниот сопруг. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.