Соопштение на СВР Тетово 3 јануари 2024 година
Триесет и деветгодишниот А.К. од тетовското село Копачиндол вчера (2 јануари) во 15 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека му било одземено неговото патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кое неговиот малолетен син претходно незаклучено го паркирал покрај регионалниот пат Тетово-Групчин, во близина на вулканизерска раболница. Се преземаат мерки за пронаоѓање на одземеното возило.
Педесет и едногодишниот А.И. од тетовски Порој вчера (2 јануари) во 17 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 15 часот, по претходна меѓусебна вербална расправија во Тетово, физички бил нападнат од Г.Н., на што и тој возвратил. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Дваесет и тригодишна тетовка вчера (2 јануари) во СВР Тетово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг Ф.Д.. Се работи на расчистување и документирање на случајот.