Во текот на декември минатата 2023 година, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во 21 акциска контрола и други тековни активности вкупно откриле и законски санкционирале 1960 прекршоци или 30 повеќе во споредба со истиот период од 2022 година.
Во декемвриските контролни активности, а поради констатирани прекршоци, односно недостатоци, од сообраќај билe исклучени 55 возила, од кои 42 поради истечена регистрација до и над 30 дена и 13 поради утврдена техничка неисправност.
Во декември, исто така, од сообраќај биле исклучени и 224 возачи, од кои 130 управувале без возачка дозвола, 50 под дејство на алкохол, 30 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 11 со важечка забрана за управување и 3 со несоодветна категорија.
Покрај тоа, во месецот за кој станува збор, времено биле одземени 3 возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци и 1 за бучавост, 71 возачка и 33 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 197 погрешно, односно непрописно паркирани возила, најмногу во централното подрачје на Тетово, каде е и најголема вкупната сообраќајна динамика и фрекфренција на возила и пешаци.
Минатиот месец ( декември) вкупно биле изречени 542 мерки за неприлагодена брзина според условите на патот, односно за пребрзо возење, најчестиот прекршок и лани во поширокиот Полошки регион, 28 мерки за недавање првенство на минување, 26 за непрописно престигнување и друго