Соопштение 15 септември 2024
На 14.09.2024 во 19.35 часот во СВР Тетово 47-годишен маж од с. Голема Речица пријавил дека му биле злоупотребени личните податоци и подигнат брз кредит без негово знаење од страна на вработено лице во компанија за брзи кредити. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
……
На 15.09.2024 во 01.15 часот на улица ,,Ѓорче Петров” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.С.(65) од с. Голема Речица, кај кого бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 14.09.2024 во 15.00 часот во с. Слатино полициски службеници од ПО Теарце го лишиле од слобода М.Ј.(47) од Слатино, поради тоа што бил пријавен од Н.И. од Нераште, дека претходниот ден одзел моторно возило ,,шкода” со скопски таблици. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
…..
На 14.09.2024 во 20.00 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во трговски центар во Гостивар, го привеле А.К. (36) од Гостивар, поради тоа што, претходно бил пријавен од Г.К. од Гостивар, дека го нарушил јавниот ред и мир. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
…..
На 14.09.2024 во 22.50 часот во ОВР Гостивар Ч.К.(53) од Гостивар пријавил дека истиот ден околу 20.50 часот, пред неговата семејна куќа бил физички нападнат од соседот Б.С.(53) и неговиот син Д.С.(21). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
……
На 15.09.2024 во 01.15 часот во СВР Тетово Н.С.(21) од с.Ларце пријавил дека околу 23.00 часот од домот се оддалечил неговиот брат Д.С.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
…….