Соопштение на СВР Тетово.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (14 ноември) околу 16 часот и 15 минути, во тетовско Непроштено, го лишиле од слобода 34-годишниот А.Ш. од ова село. При претрес извршен во неговиот дом со судска наредба биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот против него ќе следува законски предвидениот поднесок.
Дваесет и тригодишна тетовка, вчера (14 ноември) во 18 часот во СВР Тетово пријавила дека во семејниот дом била физички била нападната од нејзиниот 25-годишен сопруг Ф.Д.. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Триесет и седумгодишната З.С. од тетовска Брвеница, вработена во казино во тетовско Жеровјане, вчера (14 ноември) во 15 часот во СВР Тетово пријавила дека претходната вечер околу 22 часот и 15 минути во казиното влегле две лица и размениле 1200 американски долари во банкноти од по 100 долари. Нешто подоцна, во казиното утврдиле дека банкнотите се фалсификувани. Се расчистува и документира случајот