Вчера (14 ноември ) од 16 до 21 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола – како и колку возачите ги почитуваат нивните обврски кон пешаците. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 26 возачи (ТЕ-15 и ГВ-11).
Најголемиот број од возачите не им дале предност, односно не ги пропуштиле пешаците кои се подготвувале или веќе започнале да ги преминуваат улиците на обележани премини. При контролата, исто така, со соодветни поднесоци биле заокружени и 11 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-4 и ГВ-7).
Возачите-прекршители ќе се соочат со парични глоби од 200 до 250 евра во денарска противвредност, а некои од нив и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите задолжително да им даваат предност на пешаците, не само на обележани премини и крстосници, туку и на улици и патишта на кои нема обликувани тротоари. На пешаците ,пак, им се советува да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат и да внимаваат како се движат во сообраќајот.