СВР Тетово информира дека почнати се повеќе превентивни активности во пресрет на почетокот на новата учебна година кои ќе траат до крајот на септември.
Од таму најава дека во новата учебна година ќе го зголеми полициското присуство околу училиштата пред, по завршување на наставата и на големиот одмор, како и на автобуските постојки, а се во функција на превенција и поголема безбедност на децата.
-Се одржа средба со одговорните за образование и јавни дејности во тетовската локална самоуправа, на која станало збор за мерките што треба да ги преземат локалната самоуправа и училиштата за непречено и безбедно одвивање на наставата, на организационен и друг план и посебно на планот на превезувањето на учениците до училиштата и назад. Во септември, исто така, планирани се и средби со одговорните на фирмите кои ќе го вршат превозот на учениците, на кои ќе им биде посочено дека возилата секогаш ќе треба да бидат технички исправни, да ги поседуваат потребните документи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и да нема претовар во истите, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Средби и активности ќе активности ќе има и на гостиварското подрачје.