Националните медиуми информираа дека во Скопје, на Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) починал А.М (41), еден од ранетите браќа од тетовско Гајре, во кои беше пукано на 11 јануари во кругот на тетовската Клиничка болница. Двајцата од тогаш беа на лекување во КАРИЛ.
За ранувањето на браќата на возраст од 41 и 36 години полицијата информираше дека уште дента приведени биле четири луѓе, а дека по еден човек се трага. Случајот го води води Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од каде велат дека се уште се истражува.
Полицијата приведе четири лица за вчерашното пукање, по еден се трага
Двајца ранети во пукање во дворот на тетовската болница-полицијата во потрага по пет лица