Во Слатино мајка и ќерка се најдени починати во нивниот дом
Денес (08-октомври) околу 14.00 часот во СВР Тетово Т.Ј. од Теарце во својство на доктор, пријавил дека во село Слатино бил повикан за интервенција од М.З. од тетовско Слатино која ги нашла нејзината ќерка К.Ш.(36) и нејзината малолетна внука во нивната семејна куќа без знаци на живот, каде што од негова страна била констатирана смрт.
„Веднаш било постапено по пријавата и обезбедено лице место каде што екипа при СВР Тетово во содејство со Јавен обвинител извршиле увид. Сопругот Р.Ш. (50) заедно со неговиот малолетен син се префрлени во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош, а потоа лицето Р.Ш. ќе биде задржан во полициска станица за понатамошна постапка“, информираат од СВР Тетово.
По наредба на обвинителот телото на починатите биле предадени за обдукција.