Од утре, вторник 4 јули во Тетово ќе почне да се одржува 12-тото издание на Тетовскиот Интернационален филмски фестивал-ТИФФ ОДА (TIFF ODA) кое ќе трае до сабота 8 јули.
Оваа година фестивалските филмови ќе бидат прикажани во просториите на Универзитетот во Тетово-на отворено во амфитеатарот одзади новата зграда на Ректоратот како и во сценската сала на Факултетот за драмски уметности во Центарот за култура во центарот на градот. За сите проекции влезот е слободен.
– Имавме 2941 апликација од 112 земји во светот. Ќе прикажеме оваа година 45 филма во категориите Сине Балкан Панорама, Кратка фикција, Кратки документарци, Кратка анимација и Студенски филм. Во категоријата Вин Панорама годинава имаме четири подкатегории за краткометражен филм. Ќе имаме Сине Балкан Панорама категорија со учество на филмови направено во последните две години на Балканскиот регион. Имаме европски премиери со интересни филмови присутени на големифилмски настани, изјави Агим Абдула, дел од организацијата на фестивалот.
Одлуката за награди на филмовите учесници на ова издание во балканска конкуренција ќе го прави жирито во состав Калтрина Красниќи (режисер), Лазар Секуловски (монтажер) и Рефет Абази (актер). Додека жирито во категориите кратки филмови годинава го сочинуваат Илире Винца (актерка), Флоња Кодели (режисер) и Чигдем Сезгин (режисер).
По свечено отворање утре од 20 часот и 30 минути на отворено во амфитеатарот одзади новата зграда на Ректоратот на Универзитетот во Тетово, ќе се прикаже и првиот филм „Албанската девица“ во режија на Бујар Алимани и копродукција на Албанија, Германија, Белгија и Косово.