Во организација на Македонско-хрватско друштво во Тетово гостуваше Јана Гамилец, историчарка на уметност и туристички водич која одржа предавање за културно-историското наследство на Загреб, главниот град на Република Хрватска. „Загреб во минатото и сегашноста-културно историско наследство во фокус“ беше насловена нејзината презентација и виртуелна тура.
Присутните имаа можност да слушнат како се создал Загреб на почетокот со спојување на населби помеѓу двата соседни ридови Градец и Каптол и неговото развивање до сегашниот главен град на Хрватска сега веќе со повеќе од еден милиони жители. Таа се осврна на сегашниот централни делови на Загреб наречени Горњи Град и Доњи Град, Парк шумата Максимир, Мирогој и планината Медвеница.
„Јас како туристички водич се насочувам да го промоција на значењето на културното наследство. Тоа не се некои класични тури, па се осврнувам и на архитектурата особено, бидејќи секоја зграда не е важна само како архитектонски споменик, но и како историски документ. На тој начин може да се поврзе минатото на Загреб, сегашноста на Загреб, културното наследство и се она што ги поврзува овие работи, изјави Јана Гамилец.
На прашањето кои се пет објекти кои ги препорачува како задолжителни за посета при одење во Загреб, таа вели дека дефинитивно катедралата е под број 1, како симбол на градот иако поради земјотресот од 2020 не може да се посети затоа што се реконструира. Следнит се главната црква Свети Марко со шарен покрив на кој се наоѓаат грбовите на Хрватска и Загреб, Лотршчак Кулата, Хрватскиот народен тетар и зградата на Хрватски Државен Архив.
Таа го потенцираше големото значење за Загреб на познатата Зелената потковица, односно комплекс кој се состои од низа плоштади-паркови кои се во форма на потковица, како и Парк-шумата Максимир каде има и пет езера еден од првите пет јавни паркови во Југоисточна Европа.
ас