Соопштение на СВР Тетово 17 јуни 2024
На 16.06.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат на влез кон с.Мерово, тетовско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.А.(75) од с.Мерово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возочот и сопатникот Ќ.А.(69) од с.Мерово, констатирани во Клинички центар Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Тетово.
На 15.06.2024 во 10.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Љ.(42) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот 28-годишен брат. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 15.06.2024 во 21.10 часот во СВР Тетово, Ш.Л.(52) од Тетово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.Л.(20). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 15.06.2024 во 20.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Б.Б.(42) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал својата 18-годишна ќерка и својот малолетен син, при што употребил тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 16.06.2024 во 00.05 часот во СВР Тетово, Н.Т.(26) од с.Порој, тетовско, пријавил дека на 15.06.2024 околу 22.30 часот пред неговиот дом бил физички нападнат од Х.Х. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.