Соопштение на СВР Тетово 14 април 2025г
На 13.04.2025 во 21.20 часот во СВР Тетово, М.И.(48) од с.Камењане, тетовско, пријавила дека на работното место во Клиничка болница Тетово, нејзиниот колега Д.Х. агресивно се однесувал кон неа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 13.04.2025 во 22.45 часот во Ургентен Центар при Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(23) од с.Теарце, тетовско, постапувајќи по претходна пријава дека физички ги нападнал Б.М.(32) од Тетово и Ф.И.(21), вработени во Клиничка болница Тетово, додека му укажувале помош. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 13.04.2025 во 23.10 часот во Ургентен Центар при Клиничка болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода П.Т.(44) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21.40 часот на улица ,,Благоја Тоска“ физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени задачи. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 14.04.2025 во 01.55 часот на улица „116“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.С.(91) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот син Л.С.(66) од Тетово дека пукал со огнено оружје. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и на местото бил пронајден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7.65мм и една рамка со 6 неиспукани куршуми, сопственост на Р.С. кој го поседувал со дозвола, една испукана чаура и еден проектил од испукан куршум.
На 13.04.2025 година во19.25 часот СВР Тетово било пријавено дека настанал пожар на соларен бојлер во Казнено – поправната установа Затвор Тетово. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.
На 13.04.2025 во 16.55 часот во СВР Тетово, С.А. од с.Боговиње, тетовско, пријавил дека во нива во атар на с.Боговиње, сопственост на неговиот татко, пронашол кофа со капак во која имало повеќе експлозивни направи (бомби), кои наликувале на рачни бомби кашикари. Известен бил пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.