Секторот за внатрешни работи Тетово овој месец значително ги засили контролите на возачите кои управуваат под дејство на алкохол, кои во наредниот период дополнително ќе бидат интензивирани. Во изминатите девет месеци од годинава на поширокото тетовско подрачје вкупно биле изречени 412 мерки за управување под дејство на алкохол, а на гостиварското 162 мерки.
-Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до возачите да не комсумираат алкохол ако возат, зашто алкохолот ги доведува во ризик како учесници во сообраќајот, а со тоа се загрозува и вкупната безбедност на патиштата и улиците, вели портпаролот Марјан Јосифоски.
Возачите-прекршители во овој период веднаш биле исклучени од сообраќај и изготвени и им се соодветни поднесоци со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на алкохолизираност. Покрај тоа, за нив е предвидена и заштитна мерка – времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.