Соопштение на СВР Тетово 26 март 2025г.
На 25.03.2025 во 20.30 часот во СВР Тетово сам се пријавил С.Ј.(34) од Тетово. Тој се сомничи дека околу 17.20 часот на улица „Иво Лола Рибар“, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, заедно уште едно лице физички го нападнал Ф.Ќ.(37) од с.Орашје, при што употребил и остар предмет и му нанел повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово. С.Ј. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 25.03.2025 во периодот од 07.00 до 15.00 часот, при вршење на редовни контролни активност на подрачјето на СВР Тетово, полициски службеници од СВР Тетово констатирале пет кривични дела извршени од превозници кои вршат јавен превоз на патници без поседување на лиценца, предвидено и казниво по член 284-а од Кривичниот законик. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.