Соопштение на СВР Тетово 2 април 2024
На 01.04.2024 во 21.00 часот во СВР Тетово, М.Ј.(54) од Тетово пријавила дека при поминување на улица „107“ во Тетово, од некоја од зградите бил фрлен тврд предмет, кој ја повредил на главата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.04.2024 во 14.00 часот во СВР Тетово, Н.И.(44) од Тетово пријавил дека во тетовско основно училиште, во кое учел неговиот малолетен син, при игра со ученици од неговиот клас се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.04.2024 во 15.00 часот на улица „Црнотравска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Х.Б. (27) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон возилата и возачите кои поминувале и се обидел да фрли тврд предмет кон возилата, но бил спречен од полициски службеници. По документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Во текот на изминатиот месец оваа година, полициски службеници од СВР Тетово – Полициска станици за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар во содејство со инспектор – раководител на Одделение за сообраќајни работи во општина Гостивар извршиле теренски извидувања на пофрекфентните улици и сообраќајници, како и приградските населби во градовите Тетово и Гостивар, при што се утврдени и фотодокументирани сите недостатоци и оштетувања на сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација, како што се сообраќајните знаци, обележувањата на пешачките премини и полните и прекинатите линии, состојбата на светлосните сообраќајни знаци (семафори), како и за состојбата на коловозите на оваа подрачје.
За констатираната состојба е сочинет записник и до надлежните институции за одржување во двете локални самоуправи се доставени известувања и побарано е во најбрз можен период да се отстранат сите недостатоци за да се овозможи нормален и проточен сообраќај и безбедно движење на возилата и пешаците, во спротивно ќе бидат изготвени соодветни законски поднесоци