Црковниот одбор од село Јелошник со покана до верниците на одбележување на христијанскиот празник Благовештение (Благоец) на 7 април 2024 (недела).
„Водосвет и прекршување на кумските лебови ќе почне во 8 часот, а потоа традиционално ќе се тргне во месноста викана Црквиче“, информираат од црковниот одбор.
Од таму воедно известуваат дека целосно е реновирана трпезаријата (освен плочки), а ги повикуваат верниците да донираат средства за обнова и на црквата Пресвета Богородица.
„Упатуваме апел до сите кој се во можност да помогнат за прибирање средства да отпочнеме со реставрација на црквата за која веќе е изготвен конзерваторски проект,кој ќе биде истакнат во црквата на денот за да можат сите да бидете упатени,“ информираат од црковен одбор на село Јелошник