ЖФК Љуботен-Тетово денес одржа прес-конференција пред утрешното финале на Куп на Македонија што треба да се игра во Велес со Каменица Саса.
Драгољуб Јовановски, претставник на тетовскиот клуб на прес-конференцијата зборуваше за одредени нерегуларности за кои се сомневаат дека постојат во противничката екипа. Тој рече дека со тие работи се запознаени Фудбалската федерација на Македонија, Министерството за внатрешни работи, како и Обвинителството.
На градскиот стадион во Велес, финалето утре е предвидено да почне во 16 часот. ЖФК Љуботен е актуелен освојувач на првенството и Купот.
Целата прес-конференција проследете ја тука