Соопштение на МВР 7 ноември 2024 година
На 06.11.2024 во 10.00 часот во СВР Тетово, С.Р.(36) од с.Боговиње, тетовско, пријавил дека на улица „146“ во Тетово бил каснат од куче скитник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(42) од с.Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 05.06.2024 во двор на основно училиште во с.Боговиње, пријавениот физички нападнал малолетник.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Г.(47) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 20.07.2024, пријавениот физички ја нападнал поранешната сопруга и ѝ нанел повреди.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и Ј.С.(41) од Тетово, сопственик на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 02.05.2024, пријавените склучиле писмен договор со едно лице во кој било наведено дека пријавениот е должен да изработи и монтира ентериер во вредност од 5.400 евра, додека нарачателот претходно треба да плати 50% од сумата. Лицето ја исплатило сумата по договорот, но пријавениот не го испочитувал склучениот договор.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.И.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 01.08.2024 на наплатна рампа Тетово – Гостивар, при сообраќајна контрола, на полициские службеници пријавениот им приложил фалсификувана возачка дозвола.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.О.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 17.10.2024 на регионален пат Тетово-Попова Шапка, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фолкваген“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Ш.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 17.10.2024 на регионален пат Тетово-Попова Шапка, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „цитроен“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.