Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (13 јули) околу 20 часот на улица „Вонвардарска“ во Тетово констатирале нарушување на јавниот ред и мир со употреба на пиротехнички средства и на 47-годишниот М.Х. од тетовска Мала Речица, роднина на сопственикот на куќата каде се организирала семејна свеченост, му изготвиле соодветен поднесок, информира СВР Тетово.
Дваесет и двегодишниот С.Х. од тетовско Желино вчера (13 јули) во 13 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 10 часот и 30 минути на бензинска пумпа во Желино, на која работел, бил физички нападнат од Б.А(40). Од Желино. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Вчера (13 јули) околу 15 часот и 40 минути во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 66-годишниот тетовец Р.М.. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба, при што одзел личен предмет од една жена. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против Р.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера (13 јули) околу 18 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 58-годишниот тетовец Ш.Б. затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. Се расчистува случајот и на Ш.Б. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.