Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Тетово, Александар Велјановски одржа прес-конференција на која истакна дека со градењето згради на местото на ШИК Јелак во Тетово уште повеќе ќе се уништи градот, а повтори дека нема одговорност за сомнежите за корупција.
-Овој проект е преобемен и штетен. Го оптеретува централното градско подрачје и ја затвора циркулацијата на воздух во Тетово кој и онака е најзагаден град во Македонија. Оваа градежна џунгла во најава ќе го уништи Тетово. Мафијата, криминалот и власт во Македонија се едно исто и мора да паднат, рече Велјановски.
Тој рече дека една недела откако го објавиле случајот власта се уште молчи.
-Зделката за која слушнавме прд изборите дека е средена со поткуп од 300 илјади евра и 2000 квадрати простор плус уште 4 милиони евра откако ќе заврши работата, власта ја заврши на само еден ден по формирањето на Владата. Со пари од Панама се прави криминал. Дали Дака-Заев преку панамската шема за перење пари и криминал за 2000 стана во Тетово ќе го уништи градот, рече пратеникот.
Тој покажа документи, основна состојба на фирма во Централен регистар и запис за фирма во Панама со кои, како што рече, се докажува поврзаноста на странски државјанин со имотот на ШИК Јелак.
-Ова се документи кои покажуваат дека соптсвеник на земјиштето на ШИК Јелак е всушност фирма од Панама, тоа е фирмата АДАСТРА Груп Корп чиј сопственик е Миодраг Давидовиќ Дака која ја поседува домашната фирма Јелак градба каде управител е исто така Дака. Се поставување прашањето зошто зад фирмата „Јелак Градба“ стои фирма од Панама која е оф-шор држава и каде постојат сомнежи дека завршува капитал од перење на пари и други казниви дела. Дали и какви се парите со кои ќе се гради во ШИК Јелак и уште поважно каде ќе се заврши профитот од 200 милиони евра колку што ќе изнесува претпоставената заработка од целиот бизнис со 2000 станови и илјадиници метри квадратни деловен и трговски простор. Дали парите заработени во Македонија од нашите граѓани ќе се изнесат назад во Панама. Дали овој проект служи за испумпување на пари. И на крај дали парите за кои слушнавме од снимката која ја објавија медиумите, а Дака му ветува на Кичеец откако ќе заврши работата завршиле кај Зоран Заев или друг претставник на власта, истакна Велјановски.
Пред една недела на прес-конференција тој побата Обвинителството да постапува по овој случај.
А.С