Планинарски Клуб „Љуботен“ од Тетово викендов го организира настанот „Меморијал Мирко Маринковиќ“ – искачување до Ливадичко езеро на Шар Планина на 2137 метри надморска височина. Програмата во сабота (13 јули) предвидува можност за стигнување до планинарскиот клуб Љуботен и сместување таму или во шатори, додека наредниот ден во недела (14 јули) од 7:00 е предвидено тргнувањето кон Ливадичко езеро.
Согласно препораките на Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија за „Организација на планинарски акции“ со цел да се одржи високо ниво на безбедност и организираност, сите заинтересирани се должни, формално да се пријават преку изјава за пријавување со што би стекнале статус на учесник во организирана активност-информираат од ПК Љуботен.
Очекувано пристигнување на Ливадичко Езеро е 10:30 часот, а враќањето до планинарскиот дом е предвидено за 11:30 часот. Секој учесник на турата за движењето во планина треба да обезбеди сопствена храна предвидена за планинарска тура до 8 часа. За ова искачување секој учесник треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција.