Во текот на мај 2020 годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на поширокото тетовско подрачје вкупно откриле и законски санкционирале 669 сообраќајни прекршоци или два и пол пати помалку во споредба со истиот период лани, информираат од тетовската полиција.
Поради констатирани различни видови прекршоци,согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила,од сообраќај биле исклучени 66 возила. Најмногу од исклучените возила (60) имале истечена регистрација до и над 30 дена, кај 5 била утврдена техничканеисправност, претежно на сопирачките, а кај 1 претовар.
Минатиот месец одсообраќај бил исклучен и 91 возач, од кои 65 управувале без возачка дозвола, 5 под дејство на алкохол, 12 возачи-почетници,8 со несоодветна категорија и 1 со важечка забрана за управување. Откриените сообраќајни прекршоци во мај, заокружени се со 214 прекршочни и 61 мандатен плaтен налог, додека времено биле одземени 13возачки и 42 сообраќајни дозволи, соопшти СВР Тетово.