Во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните-верници целосно да ги почитуваат владините мерки и протоколи за спречување на ширењето на коронавирусот „ковид-19“. Посебно се советува држење на потребната дистанца и задолжително носење на заштита на лицето, како и избегнување на групирање на повеќе лица, особено во затворени простории.
Во оваа насока, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Отсек за превенција веќе одржаа неколку превентивни средби со претставници на Исламската верска заедница на тетовско-гостиварското подрачје, од кои беше побарана и нивна целосна поддршка во спроведувањето на важечките мерки и протоколи, определени од соодветните државни институции.
Покрај ова, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните денеска (12 мај) и утре (13 мај) доследно да се придржуваат на сообраќајните правила и прописи, дотолку повеќе што на тетовските и гостиварските улици последниве денови присутна е забележително зголемена раздвиженост на возила. Се советува трпение, максимална внимателност и прилагодена брзина, посебно во централното подрачје, но и да не се паркираат возилата на недозволени места