Нова канцеларија за општинската организација на Демократска обнова на Македоноија (ДОМ) во Тетово вечерва беше отворена на улицата „Гоце Делчев“. Претседателката Маја Морачанин беше присутна на отворањето на новите партиски простории во Тетово.
-Поводот е отворање новата канцеларија на општинска организација, која е меѓу најстарите организации од основањето на партијата во 2006 година. Ова е убава прилика да продискутираме со членовите и симпатизери за актуелни политички збднувања, она што е приоритет за решавањ во Тетово. Како зелена политичка партија во доменот на нашите програмски приоритети е заштитата на животната средина. Тетово е еден од градовите каде загадувањето на воздухот е приоротет особено во зимскиот период. Ние имаме експерти кои значајно ќе може да придонесат во превентива на оние големи вредности на аерозагадувањето и другите проблеми и како тие да се надминат. Она што е добро што Владата има тековен план за заменување на начин на загревање со субвенционирање на граѓаните, како најголем загадувач, рече Морачанин.
И од општинската организација порачаа дека локално ќе дејствуваат во насока на намалување на загадувањето на воздухот и животната средина.
– Во рамки на максимата „Мисли глобално, делувај локално“ ќе се обидеме да бидеме инцијатори кои ќе ги потсетува сите советници дека треба континуирано да се работи во оваа насока. Двонеделно ќе доставуваме предлози и решенија со поткрепени финансиски анализи, писмено до општина и пред медиумите да ги насочиме и да издејствуваме поголема аквности. Во наредниот период ова е потребно поради два важни проекти- носењето на нов Генерален Урбанистички План и најавата за решавање на судбината на Попова Шапка, изјави Валентин Тасески од општинската организација на ДОМ во Тетово.