Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти од кои 11 во Тетово и три во Скопје. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84г), примен во болница на 20 мај . Од 16-те нови случаи со Ковид19, нема нови заболени во тетовскиот регион.
Според Министерството Тетово брои 177 вкупно лице заболени од Ковид19, од кои активни се 70.
Денес Кризниот штаб при Општина Тетово го одржа својот 13-ти состанок по ред, по кој ги соопштија следните бројки на заболени по општини.
-На 26.05.2020 година во Тетово и општините околу Тетово, денес не се регистрирани нови случаи со Ковид19 со што вкупниот број на дијагностицирани останува 176. Од овој број досега се излечиле 80 лица, а 16 починале.
-Општина Тетово 84 (починати 6) -Општина Боговиње 47 (починати 6) -Општина Теарце 18, -Општина Бервеница 15 (починат 1), -Општина Јегуновце 5, и Општина Желино 7 заразени (починати 3 лица)