Хуманитарниот настан во приготвување колачи и торти „Етно вешта жена и вешто дете“ се одржа синоќа во Тетово во организација на здружението „Вешта жена“. Дваесет жени и десет деца пред публиката се претставија со својата кулинарска и декоративна умешност. Во Етно вешта жена натпреварот веа доделени две први места за Даниела Димитриевска и Митана Петровска, додека две втори места им припаднаа на Елена Булевска и Душка Миловановска. Трето место освои Вера Нечева. Парите собраните од продадените колачи и торти традиционално се донираат во хуманитарни цели.
-Со лицитацијата на тортите на учесничките во Етно вешта жена ќе се обезбедат средства со кои ќе ја обезбедиме новогодишната програма за децата со посебни потреби во Тетово. Од продажбата на детските декорации средствата ќе се употребат во март 2020 за Денот на пролетта кога за децата на учесници н овој настан ќе биде организирана еднодневна екскурзија во Дојран, изјави Снежана Стојановска од Вешта жена.
Најмладите учесници беа деца, ученици во ОУ Гоце Делчев и ОУ Братство на возраст од 6 дсо 10 години, а изработуваа декорации за слатки од пластелин.
-Неизбежен дел од секоја манифестација на вештите жени е заедничкото дружење на припадничките на понежниот пол од Тетово без разлика на возраста, професијата националноста, рече Стојановска.
„Етно вешта жена и вешто дете“ исто така со хуманитарен карактер се организираат во 15 градови низ државата.