Дваесет и седум годишен жител на Шипковица пријавил дека вчера околу 13 часот и 30 минути негов соселанец го нападнал па му се заканувал со секира. Настанот се случил во областа Шипковачко Теќе, по што 27 годишникот околу 15 часот и 30 минути пријавил во полиција.
-Околу 20 часот и 30 минути, во тетовска Шипковица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 54-годишниот Ш.А. од ова село, во врска со кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Ш.А. задржан е во Полициската станица Тeтово за целосно расчистување и документирање на случајот, информира СВР Тетово.
За пријавеното ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопштија од тетовската полиција.
А.С