Вчера (3 март) во 15 часот, К.А.(43) од Тетово во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот малолетен син дента околу 12 часот и 30 минути, враќајќи се од училиште со уште двајца негови другари, на улиците „ЈНА“ и „Јане Сандански“ во Тетово, физички бил нападнат од неколку малолетни лица, ученици во истото тетовско основно училиште. Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Тетово.
Вчера (3 март) во 21 часот и 10 минути, 36-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила дека подолг период физички и психички била малтретирана од нејзиниот 39-годишен сопруг, исто така, од Тетово, поради што го напуштила семејниот дом и времено се засолнила кај нејзини роднини. Пријавениот 39-годишен тетовец повикан е во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот, соопшти СВР Тетово.
Вчеравечер (3 март) во 23 часот и 30 минути, И.Б.(26) од Тетово во СВР Тетово пријавил дека околу 22 часот и 30 минути на улица „Илинденска“ во Тетово, две лица, од кои едното го познавал, со употреба на сила во внеле во патничко возило „фолксваген голф“ и се упатиле кон селото Фалише, каде го оствиле покрај патот. При тоа, едниот од нив физички го нападнал, му ги одзел телефонот и облеката, кои потоа му ги вратил. Причина за тоа, според пријавеното, биле нивни претходни нерасчистени имотно-правни односи. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопшти СВР Тетово.