Партијата „Обединети за Македонија“ општинска организација Тетово преку соопштение до јавноста информира дека го поддржува предлогот за формирање на заедничка листа со кандидати за советници кај македонскиот политички блок.
-„Обединети за Македонија“ – Тетово, ценејќи го ставот и визијата на нашиот лидер Љубе Бошкоски во пресрет на локалните избори на есен, а како резултат на последното интервју или демократската понуда односно предлогот на Драган Давидовски од ВМРО НП за заедничка македонска советничка листа за Тетово го подржува истиот, но бидејќи е игнориран со непосредниот молк и непроизнесување по основ на таа понуда од страна на двете најголеми партии: СДС и ДПМНЕ, преку ова интервју излегува со еден нов се македонски предлог за политички блок или формирање на ново координатовно тело на Западна Македонија однсоно за формирање на Заедничка листа на Македонците со кандидати за советници во Советот на Општина Тетово и избор на Градоначалник за Општина Тетово – која ќе биде составена без СДС и ДПМНЕ, а од сите прогресивни млади и демократски сили на независни, невладини организации и помали политички партии како: Обединети за Македонија, ВМРО-НП, Либерална партија, НСДП на Тито Петкоски, Левица, Интегра и сите други, како и од независните листи кои се повеќе се назираат од страна на незадоволните членови и симпатизери на горе наведените најмоќни партии – (во кои поради последните збиднувања и фракции кои им се појавуваат) јасно се гледа дека основата на СДС и ДПМНЕ им е само политички пазарања на штета на граѓаните на Тетово, занемарувајќи ги и основните услови и права на живот кои му се гарантирани со Уставот на секој жител и Македонец на Тетово и кои никој не може да ги занемари и отргне само заради лични и неморални интереси кои се основа за нетолеранција и непочитување на соживотот во мулти-етничкото Тетово, се вели во соопштението на претседателот на тетовската организација на Обединети за Македонија, Дарко Бошкоски.
Понатаму, Бошкоски, вели дека Обединети за Македонија веќе е во неформална коалиција со ВМРО – НП.
-Заедно работиме на веќе дадените предлози од двете страни за заедничката листа за советници и градоначалник на престоните локални избори на есен: со прифаќање на сите идни колаициони партнери – кои веќе ги споменавме, со нивните предлози и напредни идеи кои би биле дадени од нивна страна, а кои ќе бидат заеднички разгледани од едно ново се македонско координативното тело – кое се надеваме ќе биде наскоро формирано од сите заинтересирани прогресивни сили на Тетово и пошироко. Со овој наш предлог сметаме дека многу би се подобриле демократските процеси, соживотот и достоинството на Македонците кои живееат и опстојуваат во градот Тетово и општините кои гравитираат кон градот Тетово, стои во соопштението на Обединети за Македонија и претседателот на оптшинската организација Дарко Бошкоски, воедно и член на централното претседателство на партијата.