Општина Брвеница започна да дава еднократна парична помош на семејствата кои во текот на 2022 ќе имаат новороденче, а се со живеалиште на подрачјето на десетте населени места во склоп на општината. Првите средства во висина од 2000 денари се дадени на две семејства од населеното место Челопек.
-Со голема радост за прв пат им врачив решенија за еднократна парична помош за новороденче на семејството Мислими од с. Челопек и новороденчињата близначиња на семејството Ганији исто така од с. Челопек. Посакувам среќно и весело детство на Акин, Зејна и Акса, порача градоначалникот Јовица Илиевски.
Овие средства ќе се доделуваат согласно одлуката донесена од Советот на Општина Брвеница на 27 јануари 2022 година.
ас