Дали Академијата за фудбал во Тетово, ќе се преориентира во Академија за кајакарење ?
Почитувани, За жал, оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ, повторно учениците Македонци во Тетово ги третира во сопствената држава како граѓани од втор ред, како лица кои не заслужуваат да добијат едно нормално пристојно, достоинствено образование и основни услови за школување. Срамно, наместо да се решаваат проблемите, се создаваат нови ! Имено, учениците кои ја следат наставата на македонски наставен јазик во тетовската гимназија “Кирил Пејчиновиќ” и понатака се изложени на лошите услови за следење на настава во објектот на старото медицинско училиште, иако беа ветени нови простории во централната зграда на гимназијата “Кирил Пејчиновиќ”. Но, тоа како да беше малку, па сега се соочуваат и со нови проблеми. Втор проблем, со кој сега се соочија учениците од македонска настава е проблемот во средното медицинско училиште “Никола Штејн”, каде сите паралелки од македонска настава се префрлени во подрумските училници на ова училиште. Исто така, иако звучи саркастично, сепак е реалност!
Осум паралелки од Спортската Академија по фудбал од ССУЦ “Моша Пијаде”, и покрај тоа што пред некое време за нивните потреби и потребите на другите ученици се изгради спортска сала, сега ќе се префрлат во старото медицинско училиште без спортска сала, каде што нема ама баш никакви елементарни услови за работа и тренинг по фудбал. Единствена придобивка од сето ова е непосредната близина на училиштето до реката Пена. Па се прашуваме, дали можеби целта е Академијата за фудбал, наскоро да се преориентира во Академија за кајакарење, и градот под Шара да стане препознатлив по кајакарење низ бистрите води на Пена !!! Почитувани, СДСМ вети Живот за сите! Вети образование за сите! Вети едно општество за сите! За жал, многу потфрли ! Оваа Рекетарска Влада или “Ќе” Влада” мора да замине во историјата !
Прес центар на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово