Граѓаните од општините каде има субвенции за клима инвертори аплциирањето ќе можат да го направат преку националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk и со тоа лесно и во реално време да добиајт одговор на нивната апликација. Ова од Тетово го порача министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски објаснувајќи како со дигитализацијата на услугите се олеснува административниот процес. Министерството во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово ја одржи втората од серијата јавни трибини на тема: „Дигитализација на јавните услуги“.
„Целта на трибините е не само граѓаните туку и институциите да ги запознаеме со сите можности. Ги имаме сите елементи од технички аспект, сите услуги да се нудат на граѓаните. За тоа е потребно да се подигне свеста кај институциите, човечките капацитети. На трибините ги запознаваме институциите за да можеме повеќе да напраивме заедно и да нудиме електронски услуги на граѓаните„, рече Манчевски.
Засега има 128 електронски услуги на uslugi.gov.mk на три јазици. Дел од електронското олеснување за граѓаните е Електронскиот регистар на население.
„Покрај порталот за електронски услуги се работи за електорнскиот регистар на население- сосема нов документ менаџмент систем, се работи за електронски систем за управување со управните постапки односно услугите кои што реално им требаат на граѓаните и се работи за систем за единствена најава со кој граѓаните со единствено корисничко име и лозинка може да се најават и да добијат било која од институциите. Интегрален дел од порталот е каталог на услуги каде ги излиставме сите услуги на централната и локлнат власт кои постојат. Тие се на едноставен начин напишани на порталот и граѓаните не мора да лутаат од инстуција до институција. Затоа соработката е со локалните власти, заеднички сме во проектот„, рече Манчевски.
За дигитализацијата на трибината освен министерот, зборуваа градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, Азир Алиу од Факултетот за современи науки и технологии како претставник од академската заедница и Бобан Милосавлески од бизнис заедницата.
А.С