Од денес во Музејот на тетовски крај поставена е изложба на карикатури „Ковид-19“ од авторот Мирослав Георгијевски-Миро, по повод 78 години од загинувањето на учесникот во народно-ослободителната војна Иљо Антески-Смок и Денот на музеите 18 мај. Изложбата е дел од активностите Здружение за култура и уметност „Иљо Антески Смок“ кое со низа настани го одбележува патронатот.
-Изложбата е отворен за сите кои сакаат да ја погледат до недела 23 мај, согласно протоколите за заштита од Ковид-19. Преку изложбата авторот Георгијевски се претставува со осумдесет карикатури во боја, поврзани со Ковид-19, односно обработка на поединечни теми, настани, однесувања, информираше Кристина Томовска Ристовска, кустос во Музејот.
Претставници на Музејот и Здружението денес положија цвеќе пред споменикот на Иљо Антески Смок во населбата Два Бреста.
-Ова се дел од активностите со кои се одбележуваа патронатот 99 години постоење, наследство, култура и уметност, десет годишниот јубилеј од пререгистрирањето во Здружение за култура и уметност шестата меѓународна културна манифестација. „Денови на Иљо 2021“ со фолклорен фестивал што се планира во октомври, изјави Милорад Ѓорѓески, претседател на Здружението.
Воедно во тек е и овогодинешниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца, млади и возрасни на темите „Мајски Латици“ и „Ликот и делото на Иљо Антески Смок“. вели Милорад Ѓорѓески, претседател на Здружението.
А.С