Им подлегнал на повредите 24 годишниот А.С по вчерашниот пожар во зграда во Тетово, јавуваат медиумите од Скопје. Тој починал на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега во Скопје каде беше однесен поради тешките изгореници од четврти степен.
-Длабочината на изгорениците нанеле штета на многу негови витални органи, изјавиле лекарите.
При пожарот вчера околу 11 часот уште шест женски лица и четири машки добија лекарска помош поради вдишување на чад.