Петнаесетгодишно девојче вчера 14 јули петнаесетина минути по полноќ, заедно со нејзините родители, во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавила дека врз неа била извршена обљуба.
-Според пријавата, на 11 јули годинава околу 21 часот, во нивниот дом, 22-годишен тетовец, со кого била во љубовна врска ја извршил обљуба врз неа, соопштија денес од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.
Пријавениот бил повикан во Полициската станица Тетово и се работи на целосно расчистување на случајот.