Тетовската полиција бележи неколку пријави за физички напади во изминатите 24 часа, а во еден случај две малолетни сестри пријавиле напад од други две женски лица. Во друг случај девојка пријавила дека била нападната од машко лице.
-Триесет и осумгодишниот Џ.З. од тетовска Палатица вчера во 16 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавил дека околу 11 часот и 30 минути неговите две малолетни ќерки физички биле нападнати од две женски лица. Дваесет и осумгодишната тетовка Б.С. вчера (21 март) во 16 часот и 30 минути пријавила во СВР Тетово дека околу 13 часот во угостителски објект на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово физички била нападната од 39-годишниот тетовец К.А., информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во полицијата вчера бил повикан 32-годишник од тетовско Шемшово, кој два часа претходно бил пријавен од неговата невенчана 35-годишна сопруга дека физички ја нападнал. Повикани во станица биле двајца мажи од Тетово на 33 и 46 години претходно пријавени од 45-годишната жена за загрозување на нејзината сигурност и агресивно однесување.
ас